ограничен (прид.) - на (предл.)

Со нив се предвидувало: „а) Условите на капитулацијата мора јасно и точно да бидат ограничени на непосредните воени објекти на локално ниво. б) Вие не треба да давате никакви ветувања. в) Капитулацијата треба да биде јасен предмет на кој било инструмент на тотално предавање кој подоцна може да се востанови од Обединетите нации во однос на германската висока команда и/или влада.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Понекогаш нетрпението дури надвладува, зашто во таквиот случај, просторот за излевање на нашата агресија е ограничен на една точка.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во однос на партизанската тактика капетанот Ламби истакнува: “имајќи ја предвид природата на нивното оружје, опрема и борбена способност партизанските напади беа ограничени на напад и повлекување.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)