огромен (прид.) - глава (имн.)

Квак е претерано развиен, со огромна глава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Даниел дотогаш не беше забележал дека Том нема врат и дека огромната глава, со мека и кадрава коса му беше длабоко всадена меѓу рамената.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Црнецот има огромна глава и ококорени очи; во нив врие отров и омраза.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кожурецот се моткаше во раздвижени топчиња од месо кое беше и меко како памук, а огромната глава му беше поднаведната над десното рамо, со вообичаеното и карактеристично движење на понизност и сожалување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)