одбранбен (прид.) - линија (имн.)

Командантот нареди повлекување на втората одбранбена линија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Главните упоришта во првата одбранбена линија се потпираат на Јамата, Баро, Рото, Плати, Кулкутурија на исток; Бела Вода на север и на југ Малимади и ридовите меѓу селата Косинец и Лабаница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кратка пауза. Сега одново префрлување на првата линија и прел да стигнат, артилериските гранати почнаа да ја ораат втората одбранбена линија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во првите два дена и покрај жестоката одбрана и обидите за противнапад, паднаа позициите на ДАГ од првата одбранбена линија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Превалувајќи ги ридовите, по шест во една линија, авионите ја прелетаа првата одбранбена линија, се навалија на левото крило, направија полукруг и во низок страничен лет го митралираат и ракетираат незаштитениот грб на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си замислува како тие таму, далеку од пеколот, со стапчињата под мишките, загледани во големите топогафски воени карти, очекуваат да с помести стрелката, да падне црвеното знаменце и на негово место да се забоди сино; да се избрише пцрвената иззабена одбранбена линија и да се нацрта нова - сина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ уште недоискапи меракот, кога од горе, втората одбранбена линија, деци крчицки, лобаницки, косинцки, папрадцки, д’мбенцки, бабчорцки, езерцки, запеаја: Мори чупи костурчанки Раширете го орото, Раширете го орото, Да ви виме фустаните Да ви виме фустаните, Чиј е фустан дамкалија, Чиј е фустан севдалија...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Втората одбранбена линија: Лисец, Чука, Голината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И во исто време ги утврдуваа старите и со најголема брзина градеа нови одбранбени линии.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Паралелно со мојата одбранбена линија тие изградија сопствена, на растојание од три километри од мојата викендичка и не пуштаат никого.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако од нивниот свет нешто и остана, тоа се стражарите зад шумата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)