одговорен (прид.) - за (предл.)

Тоа девојче има семејство и пријатели тука, во Скопје, од каде што нема да излезе сѐ додека не стане сама одговорна за своите постапки”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
По оваа изјава, во голем број филмски магазини се појавија текстови со наслови од типот „Каприција, заробеното девојче”, „Девојчето од далечното Скопје”, „Врати се Тринида”.....
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ескимите, иако се одговорни за големата болка, сепак се исклучително интересни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи се сметаат за сексуални објекти на општества со кои долго доминираше мажот, се сметаат за одговорни за судбината на мажот поради инцестот и копнежот меѓу членовите на семејството, што за возврат станува извор на сексуалната агресија на мажот. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 189
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И Министерството на изобилството, кое беше одговорно за економските прашања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Арх. урб. Славица Даничиќ, која е одговорна за урбанизација на рекреативната област Жаблин, новиот град на Марна,со голема љубезност и стручност се одѕва на поканата да говори за урбанизацијата на Париз, чии концепции се одвиваат и се планирани одделно за секои шест години.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од оваа ноќ, ние сме одговорни за сите светски настани, од Јапонија, Аљаска и Кремљ до Мулен Руж, од Белата куќа до Елдорадо...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Деница беше назначена за кеш шефица, одговорна за собирање на парите и, по распределбата што ја утврдуваше Круме, лично да им ги предава на Илона, Авни, Ниротакис и Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Истовремено би требало, како што тоа го прават Холанѓаните и (посебно) Швеѓаните, да се инсистира на тоа наркоманите да се научат да бидат одговорни за сопствените животи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Треба да се стори сѐ што е можно зависноста од дрога да се намали: со примена на подобри методи на лекување и, што е уште поважно, со решавање на другите животни проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој беше одговорен за таканаречената Црвена помош што ја собиравме од луѓето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Крај логотетот бевме јас, отец Стефан Писмородецот (отец на писмото со кое требаше да почне цело царство да пишува, да не дојдеше тој!) и отец Пелазгиј Асикрит, одговорен за библиотеката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме фати страв; се чувствував одговорна за сѐ што му се случува, и не знаев што да преземам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И отец Пелазгиј, Асикрит мој и царски, одговорен за библиотеката, учен многу, кому деновите на животот досегашен му се двојно помалку на број од словата прочитани.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
‌Но, ако геј- ослободувањето, кое во секој случај било склоно да промовира облици на андрогинија, не било одговорно за изумувањето на геј- мажественоста, во 1970-тите имало нови родовоконформистички стилови што се генерализирале и што станувале хегемонистички во машките геј- друштвени светови што се обликувале во велеградските центри на САД.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А кој може да биде одговорен за неа?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Нема веќе пророци, нема готови знаења, секој е самиот одговорен за она што го прави и што го сознава.(Ален Амиќ, АИМ ) избор и превод: Г. Н. Ом
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)