одличен (прид.) - успех (имн.)

Како што знаеш, ланската година го завршив петтиот клас, а оваа година го зедов и шестиот со одличен успех.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Добро, синко... Што можам да правам, кога од тебе не можев да направам наследник во трговијата, - зажали татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тоа лето Рада доби многу поголема слобода. Одличниот успех ѝ овозможи без проблем да се запише на Вишата педагошка школа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Првите две години од училиштето ги завршив со одличен успех, и тоа така мораше да оди и понатаму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Исто како што јас, како дете на работници, поради одличниот успех во училиштето, ги уживав тие привилегии во оној, другион систем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го заврши со одличен успех третиот клас. Па тоа не е мала наука. Најпосле и сигурна одмена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Студира во Кембриџ до 1922 година, кога ги завршува студиите по литература и историја со одличен успех.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од нас седмината петмина положивме со одличен успех а во редовниот клас мислам само двајца.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во младоста беше завршила француска гимназија во Солун со одличен успех.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
1. Макар што му одеа сите предмети освен математика и ја заврши матурата со одличен успех вклучително со примерно поведение, Миха не знаеше што ќе студира - се шлаеше по сокаци, на плажа, на корзо, скокајќи од една можност на друга, како бос по врели камења.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А ги заврши не само навреме туку и со одличен успех.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Основно училиште завршил со одличен успех во родното селце, учел и истовремено во сите работи им помагал на сиромашките родители.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога завршив прво одделение, а тоа беше одамна, многу одамна, ми подарија за одличен успех неколку малечки, шарени книшки.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Поминав со одличен успех во четвртото одделение, со подарок книги, се сеќавам едната се викаше „Дукати“ а другата ја заборавив и одвај чекав да ги прочитам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајка не беше била никогаш, на ниту една родителска средба за постарите браќа, па тие си ги завршија училиштата со одличен успех и со примерно поведение.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)