одреден (прид.) - вид (имн.)

Тој вели дека старите Грци имале чувство за правилност и пристојност, а притоа не одобрувале одредени видови однесување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Христијанската етика ја воведе кодификацијата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Работи поврзани со геометриски конструкции, одредени видови на изобличувања, одредени форми на комплексности, работи поврзани со боја...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но треба да се подвлече дека и овде со нуждата за чисто духовно изживување во одреден вид, се поврзуваат и поинакви мотиви, многу пореални, - сонот за земна слава што обезбедува убав, весел и разноличен живот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Однадвор веројатно допираше месечината, крем и зелена боја, и меките стогови на следните мириси: смирна, што дождот ја изнудил од дрвјата на булеварот; некои еротски видови бензин, кој придвижува одредени видови автомобили; сиот зеленчук од задишаното тло; наивната продорност на улицата; внатрешните мистерии на жените; и бесшумните пушкарања на стравот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
КРАСТАВИ ЖАПЧИЊА (TOADS) Форма: одредени видови на жапчиња кои се убиваат и им се дере кожата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)