одреден (прид.) - прашање (имн.)

Тоа би можело да се реализира со практична работа, со непосредно решавање на одредени прашања кои се во подрачјето на федеративната структура.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Националниот комитет на ослободувањето на Југославија мора да се обиде не само да ги ослободи на одделните единици сите оние работи од внатрешната управа кои влегуваат во рамките на таа единица туку Комитетот треба да им помогне на единиците со негова иницијатива и со организациони совети".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во средниот век црковните концили за одредени прашања донесуваа одлуки дека се „адијафорични”, што значи неутрални од позициите на верата, така што црквата нема директен однос кон нив, тие не можат да се подведат ниту како грев ниту како доблест.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Иако материјата која е регулирана со овие закони директно не се однесува на работничката проблематика, одредени прашања кои се регулирани со нив ги засегаат и работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го употребувам терминот „адијафоризација” како алегорија: она што денес се случува: еден број важни човечки акции се прогласува за морално адијафорични, т.е. неутрални од морален аспект.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)