одреден (прид.) - територија (имн.)

Во анализите на советскиот интерес во балканските држави, тие ќе истакнат дека Советите во Романија, по анектирањето на одредени територии кои тие ги посакуваат, ќе настојуваат да се постави "пријателска влада, врз која ќе можат, во голема мера, да имаат своја контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нивните анализи "комунизмот во Романија не постои и преовладува антируското чувство", но сметале и дека ако Романците ги одбијат Советите, имало голема можност крајниот резултат за Романците да биде уште потежок, односно "да состават влада која ќе биде потчинета на Советската".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На пример, во нивните напори да стекнат исклучива контрола над одредена територија, павијаните ги поставуваат мажјаците кои изгледаат опасно на рабовите на таа територија, кои практично се однесуваат како граничари.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)