одреден (прид.) - цел (имн.)

Толе си зашета сега од село в село, но со одредена цел. Не мислеше само на фаќање бегови и што поголеми пљачки, ами од арамија се претвори во одличен агитатор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не е фикција кога човек умира за одредена цел, а не ретко на најсубверзивен начин човекот себеси си поставува за цел нешто што однапред е недостижно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Истражувајќи го развојот на механизмите и институциите преку кои овие практики биле усовршувани, Фуко (1979) го идентификува Бентамовиот (Bentham) Паноптикум како „идеален“ модел за овој облик на моќ, за „технологиите на моќ, кои го определуваат управувањето со индивидуите и нивното потчинување на одредена цел или доминација, едно објективизирање на субјектот“. (Foucault, 1988, стр. 18). okno.mk | Margina #4-5 [1994] 57
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Техники на моќ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Бој е судир на поголеми здружени единици за постигнување на одредена цел, поврзана со време и место“.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Всушност и сега можам да потврдам дека однапред не постоела одредена цел бидејќи не постоел план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И толку! Значи не може да станува збор за некоја однапред набележана или планирана цел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вистина може да е само тоа дека во моментот кога сум ја видел Јана сум помислил дека би можел да остварам контакт со неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сиот потресен и понесен од црни мисли излегов од дома и појдов без одредена цел.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)