омеѓен (прид.) - простор (имн.)

Во овој омеѓен простор на бал­кан­скиот апсурд кулминираше погрешната идеја за бор­бата против душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Долу, на плоштадот, црните џуџиња безглаво се движат, се мешаат, упаѓаат еден во друг, се двојат – на точно омеѓениот простор на положената дланка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Роберт Фрост, „Поправање на ѕидот“ Според францускиот историчар Фернан Бродел, луѓето сакаат да живеат во ограничен, омеѓен простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)