опасен (прид.) - општествен (прид.)

Сликата за јавноста создадена од овој псевдо- јавен простор е јавност што е пасивна и рецептивна, каде потенцијално опасната општествена хетерогеност на мноштвото е хомогенизирана.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Наместо јавен простор каде луѓето слободно стапуваат во интеракција, без принуда од страна на државните институции – продуктивен, постојано пресоздаван, демократски јавен простор – имаме простор за рекреација и забава каде пристапот е ограничен и отворен само за соодветни припадници на јавноста: „контролирано и уредено засолниште каде јавноста што пристојно се однесува може да го искуси спектаклот на градот“89.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)