опоен (прид.) - миризба (имн.)

Во деновите кога прецветаа јоргованите, на нашите липи почнаа да се појавуваат и првите жолто-зеленикави листови за, на крајот, да им се придружатпозлатените ѕвончиња на цветовите, со својата опојна миризба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Чаршијата овозможувала развој на повеќе занаети како, на пример, изработката на кожа, волна, восок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога Татко ќе го охрабреше некоја нова идеја, читајќи на чардакот, со нескриено задоволство слегуваше во Мајкината градина во која се ширеше миризбата на расцутените црвени каранфили и трендафили, заедно со опојната миризба на жолтите цутови на анамската рака која ги покриваше долните ѕидови на куќата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Патописецот Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-1681 година, забележал дека градот имал над две илјади години, со плоштади и пазари, со сводови и куполи, во кои доминирала централната чаршија со сокаци чисти и калдрмисани, со опојни миризби на босилек, јоргован и крин во вазни саксии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога одеше мајка му на работа по нивјето, го носеше и него во лелејка врзана на плеќите; го ставаше да спие под сенката на орешката и од нејзината опојна миризба спиеше како јагне.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Беше времето кога цветаше лавандата и нејзината опојна миризма влегуваше во луѓето, во душите, продолжуваше во морето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знам, почитувана госпоѓо Лејбовиц, кои беа причините за ова задоцнето катарзирање: дали беше чудесната Прованса, со своите опојни миризби, особено на лавандата, на чудесните бои, или на етеричните масла, со кои вие ме дарувавте во вашиот волшебен пакет, кој ми пристиgна како фрагмент или беше гласот на мојата осамена мајка, која ја слушав уште тогаш во Арл по телефон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И двете знаеја дека тоа се должи на разговорите што ги водеа додека ручаа или во неделите додека пие кафе на масичето во дворот заплиснувани од опојните миризби на цвеќињата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И тоа се случи токму во пролетта 1993 година, во чудесниот провансалски Арл, во кој се чувствуваше опојната миризба на расцутените лаванди, на рузмаринот, на маслинките, низ нивните сенки, со боите на божилакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)