ополномоштен (прид.) - амбасадор (имн.)

Јасер Арафат лично бараше југословенскиот амбасадор прв да му ги предаде акредитивните писма со кои јас бев од Претседателството на СФРЈ именуван како вонреден и ополномоштен амбасадор при државата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XIX Судбината сакаше да се најдам близу Јасер Арафат во Картагина во текот на четири години како прв амбасадор во државата Палестина, која симболично ќе биде еднострано прогласена во 1988 година и ќе биде призната повеќе симболично отколку реално, од стотина земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Стигнавме во тајната Арафатова резиденција, кога сонцето беше во залез и во небото поигруваа последните црвени жилки како небески крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сетив на тајното место. Па овде пред неколку месеци на Јасер Арафат, претседателот на еднострано прогласената држава Палестина, му ги предадов акредитивните писма потпишани на 8 јуни 1989 година од тогашниот претседател на Претседателството на СФР Југославија, Словенецот Јанез Дрновшек, како прв вонреден и ополномоштен амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)