опседнат (прид.) - со (предл.)

Уживаше у читање енциклопедии, гледање Квискотека, омилени му беа проектите по ОТО и домаќинство, собираше сликици, беше опседнат со ИТД...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Истовремено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е опседнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие ми држат стража пред светот, често несигурна, толку опседнати со себе си, што забораваат на човека.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Средина у која што никој не е опседнат со туѓите проблеми.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
У тој момент е опседнат со дилемата дали да ги разбуди пријателите од соседните викендички и со нив да ужива во животот и во сѐ она што создал... или... да седне во белата кожна фотеља од својот монструозен глисер, да го разбранува мирното езеро и силно да го почувствува душевниот мир што му го овозможува државата у која живее.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
БОЖО: Ти си опседнат со секс. ЈАКОВ: Да. БОЖО: Времето бара општо воздржување.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)