општ (прид.) - добро (имн.)

Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на општото добро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еднаш, дури, бев во искушение да ја украдам од една библиотека, што сепак не го сторив: не ме бива за суспектните акции, особено доколку тие би биле насочени кон загрозување на општите добра!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Самиот си решил тој серијал жанровски да го определиш како сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се пишуваше за работникот кој станува во рани зори, и кој, според духот на народната уметност – пресреќен заминува во фабриката за да го даде својот труд, себеси да се даде за – општо добро, се пишуваа оди и фалбоспеви, итн., итн.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И затоа треба да си стои таму!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Селото реагира спонтано, го поттикнуваат инстинктите, иако неговите на прв поглед нелогични и со ништо неоправдани реакции, нивната сомничавост и недоверба, потенцијално ја откриваат правата вистина за поривите кои ги поттикнуваат цивилизираните луѓе како Симон: добрите намери, благородноста, залагањето за општото добро и за повисоки вредности, подлежат на сомневање дека зад нив се крие суета, претенциозност, ароганција, користољубие, значи, исто така најниските, исконски пориви скриени под наслагите на научени форми на однесување и образование.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)