општ (прид.) - работа (имн.)

Дали Македонците во нивната историја пројавувале некаква општа работа политичка и духовна?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Однекаде се најде и цвеќе, дојдоа и другарите, референтот за спорт и култура другарот Дервутоски, референтот за општи работи другарот Вецески, другарот Елимоски, другарот Лажоски, направивме еден митинг во чест на другарот Анески, нашиот Ѕвонар. Проклет да бидам, митинг.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од разговорите што се водеа меѓу Јована и другите, а особено од прашањата што му ги поставуваат сите овие вилаетлии, Толе подразбра дека тие се занимаваат со некаква општа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)