општествен (прид.) - процес (имн.)

Тој му тврдеше на Татко, позајмувајќи му книги од Декарт на читање, дека без вистинското картезијанство, односно рационална и длабока анализа и размисла на природните и општествените процеси не ќе може ништо целосно да се разреши на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најмногу што можеме да сториме, во вакви околности, е и понатаму да бидеме отворени за неопределениот карактер на тие полиња на практика и чувствување, како и за метафоричната и фигуративна природа на самите општествени процеси.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто некои момчиња чии сексуални субјективитети се формираат преку тој систем стануваат геј кога ќе пораснат, а други не стануваат?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Женствената идентификација“ е поим со кој јазикот на психологијата се служи за да го опише она што обично е конкретен општествен процес на позиционирање на себеси во рамките на склоп од културни кодови што дефинираат множество од емоционални и афективни улоги, ставови и практики од личниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А оптекот и споделувањето во заедницата на тие настранети мигови како да играат пресудна улога во општествениот процес со кој луѓето, и оние што се стрејт и оние што се геј, се иницираат во културата на машката хомосексуалност, ја препознаваат како таква и постепено создаваат смисла за личен и културен идентитет – макар колку за да присуствуваат на фестивали како што е Вигсток.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму поетиката – општествената и формалната анализа на разните видови или конвенции на дискурс – е таа што, уште од Аристотела наваму, ни давала систематска анатомија на жанровите. ‌Определувајќи ја поетиката како категорија врз основа на која сум решил да ја врамам и насочам анализата, сакам да нагласам дека оваа студија пред сѐ ќе се сосредоточува на општествените и на културните облици во нивната позитивност, како автономни предмети на описот и на толкувањето и нема да ги сведува на обични изрази и производи на општествениот процес.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествениот живот досегнува длабоко во субјективитетот на поединецот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Едноставно, немаме добар јазик за таа појава – само разнообразие од критички народски зборови (како што е зборот „идентификација“), сите до еден збунувачки, штетни или непрецизни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, можам да тврдам дека сум изнел концепциски модел за сфаќање на општествениот процес на акултурација преку кој се формира машкиот геј-културен сензибилитет. ‌Стекнувањето на геј-културниот сензибилитет се одвива во поширок општествен систем што произведува и хомосексуалци и хетеросексуалци, како и други што не се вклопуваат лесно во тие две категории.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но овој проект не е историска и општествена истрага, а самите општествени процеси по себе не се главното со што се занимава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто немаме работа со поединечен случај, туку со колективна појава: со масовното обликување на геј- и на стрејт-сексуалности и субјективитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа одразува една поширока културна логика со која родовите практики ја поврзуваат женственоста со посебни облици на изразување и голем сплет културни вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднакво пресудно ќе биде и психологијата, било онаа популарната, било некоја друга, да не нѐ оттргнува од овој длабоко општествен процес на обликување на субјектот, не само затоа што психологијата е склона да го медицинизира и да го патологизира општественото дисидентство, особено сексуалното дисидентство, туку затоа што тука не се занимаваме со поединечен ментален живот, туку се занимаваме со колективни структури на чувствување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, таа мобилизација создава полиња на практика и чувствување што ги исцртуваат можностите за контакт или сооднос помеѓу културните форми и нивните публики, нивните потрошувачи и нивната јавност, а кои се пренесуваат од една на друга генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таква анализа зазема поголем дел од книгава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А не треба ни да бараме одговори тесно сосредоточувајќи се на градбата на одделните субјекти, како што прават психоаналитичарите, макар поголемите општествени процеси нужно се одвивале преку збир од процеси од помал размер, како што се оние што се случуваат на нивото на индивидуален развој.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова укажува дека женствената идентификација на геј-мажите е повеќе отколку определениот резултат на одигрувањето на хетеронормативната улога што ги координира родот и изборот на сексуалниот објект.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, важно ќе биде да не се тргне од лажно упадливата спротивност меѓу недоволно цврстиот модел на општественото, сфатен како обичен површински исход од безредни содејства помеѓу луѓето (наместо како систематски состав што е длабоко конститутивен за нивниот субјективитет), и од претерано позитивистичкиот модел на природното, сфатено како онаа длабока, формативна структура што ни го определува битието.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мојот приказ е апстрактен, крајно шематски и несомнено симплистички, но барем го крепи извесно количество емпириски докази – имено, доказите што ги дава една критичка анализа на машките геј-културни практики и на пошироката културна поетика врз која почиваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај низата спротивни тврдења, денес не постои таков – вклучувајќи ме и мене – што е во состојба да навести одговор, а камоли да даде целосен одговор, на таа загатка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашиот општествен модел на машки геј-субјективитет ќе мора некако да го објасни тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но „културата“ останува нашиот основен поим за опфаќање на врската помеѓу облиците и општествените процеси; таа не е толку точна ознака колку што е чувар на местото за некоја поопшта и попрецизна категорија што ќе го артикулура формалното со општественото, за која не постои име – иако „жанр“ се доближува, барем на молекуларно ниво.156 Ако продолжам тука да се повикувам на „културата“, тоа е затоа што ја сфаќам на овој категорички начин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што пред извесно време нѐ потсети Стјуарт Хол, „идеологијата како општествена практика се состои од ‘субјектот’ што се позиционира во конкретниот комплекс, во објектификуваното поле на дискурси и кодови што нему му се на располагање во јазикот и во културата во даденa историска конјунктура“.368 Па кога машките субјекти кои пожелуваат мажи ќе заземат женствена позиција, тие можеби не ѝ подлегнуваат толку на неумоливата сила на некој крут склоп од општествени норми – на општествената логика на хетеронормативноста – колку што можеби гравитираат кон извесни афективни и дискурзивни можности што веќе постојат во пошироката култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Станува збор за логиката на самата работа, за внатрешната нужност на придвижените општествени процеси.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)