општествен (прид.) - ситуација (имн.)

Понатаму, овие жанрови на говорот ја вршат истата регулаторна функција во кодирањето на дискурзивните практики како и книжевните жанрови – само што тие регулаторната функција си ја вршат не во доменот на книжевното пишување и примање, туку во сферата на комуникацијата, во општественото однесување и во личната интеракција – дефинирајќи ги соодветната тема, формите на меѓучовечката односност и стиловите на комуникација.153 Во таа смисла, жанровите се не само формални, туку се и прагматични: тие на луѓето, во секојдневните практики, им обезбедуваат конкретни средства за меѓусебна интеракција и за справување со конкретни општествени ситуации – и ги подучуваат како да го прават тоа правилно.154 Систематските и формалните разлики што еден од друг ги разграничуваат конвенционалните видови на книжевниот дискурс претставуваат еден пример за прагматиката на жанрот – и навистина, се еден од најпознатите и најочигледни примери на таквата прагматика – па голем дел од она што имам да го кажам тука ќе упатува на тие традиционални генерички поделби меѓу видовите книжевност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Често зборуваш за потребата од критичко-теориско објаснување на стварноста, односно на општествената ситуација која ги рециклира граѓанскиот конформизам и интелектуалниот „шламперај“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа покажува дека културните разлики понеизразито се искажуваат преку демографските варијации во работите од доменот на склоноста и на вкусот отколку преку разминувањата во забележливите дискурзивни практики – преку прагматиката на дискурсот (на кој начин луѓето меѓусебно општат во конкретни општествени ситуации) и, поконкретно, преку прагматиката на жанрот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Машките геј-културни практики подобро и посистематски се разбираат кога ќе се вратат во своите првобитни, конкретни, прагматични дискурзивни и општествени ситуации отколку кога се апстрахираат од нив и се анализираат во смисла на естетска теорија, како што претпочиташе да прави Сузан Зонтаг, колку и да е тоа сјајно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзиниот осврт за тој лик покажува и дека функцијата на кампот може полесно да се посочи и да се објасни ако кампот се смести во контекст на општественото окружување од кое произлегол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најзначаен дел во првата глава е истакнувањето на двата суштествени моменти на идеологијата, за кои авторот смета дека или се мешаат или бидуваат занемарени.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според Саркањац, пасивната страна на идеологијата (идеологијата сфатена како духовен израз на една општествена ситуација, како “дух на времето”, како “одраз, отслик на објективната 107 стварност”, “историски определен рефлекс на стварноста”, како систем на идеи кој го изразува светогледот на една определена група на луѓе), и активната страна на идеологијата (“нејзиниот платоновско-хегеловски карактер на систем на идеи кој законите на умот сака да ѝ ги наметне на општествената стварност”, идеологија која “секогаш понудува (или принудува на) определена цел”) , во никој случај не треба да се мешаат.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)