оригинален (прид.) - текст (имн.)

Во многу погледи тоа потсетува на третото ниво од Хегеловата дијалектика.5За новите концепти за кои станува збор може да се каже дека ја трансцендираат (aufhebt) опозицијата; тие често се нарекувани неразрешливи според слабата аналогија со Геделовата теорема.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со пречекорување на границите на јазикот цел, со трансформирање на оригиналниот текст од изворниот јазик, преведувачот го проширува, го зголемува, му овозможува растеж на јазикот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Прво, пресвртувањето покажува дека постојат извесни противречности имплицитни во претензиите на текстот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И уште малку де-конструкција: дури ни црната боја (дури ни мракот овде!) на кориците во првите пет броја не успеа да остане сјајна под вашите похотни прсти; некои графички прилози беа со лош квалитет поради тоа што нашето сканерче “фаќа” само 300 точки на инч (и воопшто, за уште покомплексен графички изглед секогаш недостасува уште покомплексна компјутерска опрема); некои текстови беа испечатени со непријатно ситни букви; не секогаш можевме да дојдеме до оригиналните текстови, па бевме принудени да користиме посредни преводи; најавените содржини за следниот број ги одложувавме за оној по него (така и сега: Бодријар, Гринавеј и тематот за Преведување ќе се најдат во следниот, октомвриски број); делумно бевме неправедни кон матичното животно на чијшто грб сме, Сорос-носорогот; итн. (допиши по желба, и конечно ковертирај и прати, ти бескрајно апатичен (“)маргиналецу(“)!)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Алфред де Мисе (Alfred de Musset) и Шарл Бодлер го објавија преводот на де Квинси, слободно адаптирајќи го оригиналниот текст, вклучувајќи ги и сопствените искуства со виното, хашишот и опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Концептите се изразуваат со зборови што се јавуваат во оригиналниот текст, но тие добиваат целосно ново значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)