осамен (прид.) - птица (имн.)

А јас останав како осамената птица албатрос, тешко да се влечкам крај морскиот брег покрај бункерите и нив­ни­те невидливи стражари, осуден да не го откријам синиот излез кон небото, како птицата, извишена со разиграните крилја, спасена од тежините на копното.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Понекогаш низ мислата негова прелетува осамена птица.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дождот стивна и гласот на осамената птица дојде од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)