осветлен (прид.) - плоштад (имн.)

Па побрзав, да не отчука часовникот на осветлениот плоштад, одејќи, трчајќи со чевлите тесни на отечените нозе. И, не ми испадна ни левата, ни десната.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Седнавме под кралскиот бронзен јавач, запаливме една цигара и пушејќи сите од неа го гледавме слабо осветлениот плоштад по кој врвеа минувачи и трепетливи сенки и ту луѓето во сенките се заплеткуваа, ту тие во луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)