освоен (прид.) - позиција (имн.)

Германците со помали окупациони сили ги држеле стратегиски најзначајните региони со кој најдобро можеле да ги штитат освоените позиции на Балканот и во случај на Британците и колебливото движење на Италијанците да ги заштитат најважните подрачја во Грција: дел од островот Крит, неколку истурени острови спрема исток, меѓу кои: Милос, Скирос, Лезбос и Лемнос, потоа краткиот појас во Тракија спрема турската граница кој служел како тампон зона меѓу делот на западна Тракија под бугарска окупација и Турција, Солун со Егејското Море од каде најлесно можела да се чува важната стратегиска железничка пруга по долините на реките Морава и Вардар како и некои бази на Атика и Средоземното Море.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)