основен (прид.) - идеја (имн.)

Медиите се материјал, и тоа е основната идеја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оваа стратегија на моделирање понекогаш се изразува со фразата: Светот е свој најдобар модел. (...) До сега би требало да е јасно што е мојата основна идеја.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Медискиот свет е паралелен свет кој нема баш многу врска со светот “долу” и тоа е една од основните идеи на нашата медиска теорија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, тоа е така, бидејќи овде основната идеја на градот е сведена на следниов интерес: Подобро е да се живее во комфорна градба, отколку во селско дувло.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во однос на раскажувањето на масакрот врз козите, со споредбите на епизодите од романите на Рабле и на Волтер, вие ја споделувате мислата на Едгар Морен кој, на презентацијата на Козите во Сенатот, ќе истакне дека во книгата нема свирепи, омразени ликови, како во западните романи, но авторот ја следи основната идеја, козарите да се трансформираат во пролетери и според логиката на настаните ќе дојде до пасивен отпор на козарите, до нивната бела револуција и на крајот ќе следи нивната ликвидација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)