основен (прид.) - категорија (имн.)

Најголемиот проблем на критичарите на популарната култура е во тоа што се ретко кога поткрепени со факти или колку толку проверливи податоци.2 Во преден план на повеќето расправи се главно таканаречените “ефекти” на популарната култура, што честопати е тешко да се докажат (или од содржината автоматски следи ефектот).3 Критиката на популарната (или масовната4) култура е можно и покрај опширната библиографија без поголем напор да се систематизира и распредели во неколку основни категории.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според темата нас нѐ интересираат пред сѐ оние три, во коишто се класифицирани трудовите што се занимаваат со негативните ефекти што популарната култура наводно ги има врз високата култура, врз публиката и општеството во целина.5 Обвинението за штетните ефекти на популарната култура е засновано на три претпоставки: дека однесувањето за коешто е наводно одговорна популарната култура, навистина постои и е с присутно; дека содржината на популарната култура содржи модели на таквото однесување; дека затоа има негативни ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Токму тоа го сторил веќе споменатиот Ганс во книгата Popular Culture and High Culture (1974), каде што сите минати и повеќето од идните okno.mk | Margina #32-33 [1996] 102 долго подготвувани трактати и пригодни изблици ги разделил во четири категории.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)