основен (прид.) - концепција (имн.)

Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се исповедам, мајсторски режирана приказна за младиот свештеник кој е ставен пред избор: да ја предаде тајната што му е доверена во исповедалницата или да стане маченик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во четириесеттите години Хичкок реализираше низа филмови кои, барем по својата основна концепција, повеќе личат на остварувањата од британскиот период - Дописникот од странство (1940), Сомнеж (1942), Саботер (1942); меѓутоа, овие филмови, во целина, се и позабавни и попровокативни.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)