основен (прид.) - одредба (имн.)

Корегиран е и чл.13 при што за истиот е предвидено дека работодавачот при изборот на опремата за работа е должен да ги консултира работниците, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативен синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. (чл. 11 од ЗИДЗБЗР/окт.13) Дојде до проширување на прекршочни основи (од 10 на 11) за работодавачите правни лица, па така се предвиде глоба од 5.000 до 8.000 евра доколку не постапат по решението на инспекторот за труд и во определен рок не ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци. (чл. 30 од ЗИДЗБЗР/окт.11) Освен работодавачот - правно лице, со дополнителната интервенција кај прекршочните одредби за прв пат се нормираше и глоба за работодавачот – физичко лице и тоа во висина од 700 евра во денарска противвредност за прекршоците од I категорија, (чл. 4 од ЗИДЗБЗР/фев.13), глоба од 1.500 евра во денарска противвредност за прекршоци од II категотија (чл. 5 од ЗИДЗБЗР/фев.13) и глоба во висина од 4.000 до 5.000 евра за прекршоците од III категорија. (чл. 6 од ЗИДЗБЗР/ фев.13) Од останатите промени значајно е да се спомене и промената која ја претрпеа основните одредби, со што се дополнија органите за кои нема да важи(!) овој закон, па така одредбите од ЗБЗР, освен за вооружените сили, полицијата, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување, нема да се применуваат и за работниците во Царинската управа. (чл. 1 од ЗДЗБЗР/окт.13) 98 ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ Законот за инспекцијата на трудот е донесен во 1997 година87 и со него се уредуваат организацијата и работата на Државниот инспекторат за труд, државен орган кој врши инспекциски надзор над примената на законите и другите прописи за работни односи, вработувањето и заштитата при работа и на колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавците во областа на работните односи, вработувањето, како и заштитата при работа. (чл. 1 од ЗИТ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Основни поими и начела Новините кои се предвидоа со единствената рогација на овој закон, а ги тангираа основните одредби се следниве : a) прецизно се дефинираа помирувањето и арбитражата како механизми преку кои може да се дојде до мирно решавање на работните спорови и тоа како „учество на трето неутрално лице во посредување меѓу две спротивставени страни, со цел за постигнување спогодба за мирно решавање на колективен спор“ – помирување и „учество на трета независна страна во решавање на индивидуален спор, со цел за постигнување на обврзувачко решение за предметот на спорот“ – 91 Закон за мирно решавање на работните спорови, Сл.весник на РМ, 87/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Останати промени а) новина во основните одредби на ЗВРС е обврската на АВРМ, по службена должност да направи прекин на работниот однос, по истекот на важноста на работната дозвола ако со неа бил заснован работен однос преку соодветен образец (чл. 1 од ЗДЗВРС/окт.13); б) со интервенцијата на Уставниот суд кај ограничувањето за нови вработувања или работа, најпрво беше касиран противуставниот текст кој нормираше дека доколку работодавачот не ги намирил своите обврски за даноци и придонеси, нема да може да добие работна дозвола за вработување на странски работник.66 Се пропиша уште еден дополнителен случај кога барањата за издавање на работни дозволи за странец, поднесени од работодавачи основани во РМ ќе се одбијат, а тоа е кога „постои негативно мислење од страна на Министерството за внатрешни работи во однос на издавањето на работната дозвола.“ (чл. 2 од ЗДЗВРС/окт.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)