основен (прид.) - парола (имн.)

Посебно беше нагласено, што беше од особен интерес за западните сојузници, дека основната парола на НОД не е "победа на комунизмот" туку "смрт на фашизмот, слобода на народот", бидејќи "комунистите во Југославија не можеа да ја наметнат својата волја и доктрина, а по ослободувањето ќе имаме независна Југославија и слободен народ со сите демократски слободи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на идното уредување на Балканот, Смодлака ја застапувал тезата дека "мора да имаме балканска федерација и првиот чекор би бил унија меѓу Бугарија и Југославија", а кон која би се приклучила и Албанија "со исти права", со што би се добила федерација "доволно силна да одбие секаков било напад од која било страна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)