основен (прид.) - теза (имн.)

Ова е една од основните тези на историчарите што зборуваат за „крајот на историјата”, и на неа ќе се вратам малку подоцна. 1.1 „Мултикултуралност” „Мултикултуралноста” треба да се разбере во буквална смисла: како термин што подразбира постоење на повеќе култури и нивниот меѓусебен контакт.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ги пакував книгите и испишаните хартии, мојот кутар есеј остана незавршен. Поставени беа основните тези и дури некои од нив разработени за природниот амбиент и неговата поврзаност со секојдневието на луѓето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Основните тези се дека компјутерските модели (машините) можат да се користат за покохерентно прикажување на барем неколку психолошки теории на когниција, додека во исто време, истражувачите ангажирани во борбата за градење на интелигентни артефакти (AI) можат да изведат идеи за подобрување на своите системи од резултатите на експериментите со човечки субјекти водени од психолози.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)