основен (прид.) - тема (имн.)

Татко воопшто не му даде на знаење дека Камилски се оддалечил од темата, но тој, сепак, го разбра својот пријател: Андре Мазон во својот труд за Лексиката на војната и на Револуцијата едно значајно поглавје ќе им посвети на туѓите заемки со висок степен на научна неутралност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За Татко беше јасно како ден каде целеше мислата на Игор Лозински, макар што се оддалечи од основната тема за која беа собрани во ноќта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Камилски долго време зборуваше за личноста и делото на Андре Мазон, според Татко оддалечувајќи се од нивната мисија, но остануваше полн со разбирање и толерантен кон искажувањето на Камилски, верувајќи дека тој, сепак, ќе се врати, по заобиколен или спореден пат на основната тема, ќе ја збогати потрагата со нови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)