основен (прид.) - функција (имн.)

Така, основната функција на нашите процеси на репрезентација е антиципацијата (Adams-Webber и Mancuso 1983).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Само во зима, на студ и голомразица, бастунот ја преземаше својата основна функција, да го потпира патот, но и тогаш дедо ми не запираше, не се колебаше, туку со одмерен чекор стигаше секое пладне да го испие своето „горко, накај средно“ кафе во „Метропол“ со пријателите-пензионери, во просек петнаесет години помлади од него.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во основната функција на новиварскиот опус на Никола Кирков, и тогај кога своето внимание го насочува кон изградбата на мостовите и тогај кога спроти Божиќ патува по жестоките ветришта и луњи низ Европа, е - човекот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овие фрази очигледно укажуваат на Дишановата Фонтана, од 1917г., во кое дело писоарот е отштрафен од водоводната инсталација - „уништен” со тоа што ја изгубил основната функција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поезијата по природата на својата основна функција – има амбиции да го преобразува и времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)