основен (прид.) - културен (прид.)

Способноста за промена и за релација кон Другиот стануваат основни културни начела на нашето време. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 12 додаток: БЕТМЕН Подрумот на Бетменовата куќа, тоа раскошно електронско црнило, е инвагинарен џеб.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Што, можеби, е сѐ што им треба за да изградат одредени нестандардни односи кон нормативните сексуални и родови идентитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во општество во кое натпреварот во основните културни добра е стожер на делувањето, луѓето не можат да бидат научени да се сакаат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бидејќи систематската меѓусебна поврзаност и хиерархиска распределеност на општествените вредности што придонесуваат кон утврдувањето на тие генерички разлики се формативни за човечкиот субјективитет кога тој се обликува во рамките на некои конкретни културни контексти, не е изненадување тоа што дури и мошне младите деца се ориентираат, и однатре и нанадвор, во однос на таа основна културна поетика – на конвенциите на дискурсот, на чувствувањето и на изразувањето што тие жанрови ги претставуваат. ‌Со други зборови, долго пред воопшто да имаат секс, младите имаат жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Настраниот свет на припадноста кој го замислува, попрво, е проекција на геј-желбата. ‌„Мелодрамата“ и „трагедијата“, тогаш, не се однесуваат само на разни видови драма туку и на разни прагматични жанрови на дискурс, на разни начини на чувствување и на разни стилови на емоционално изразување, како и на диференцијални степени на општествена достојност и на различно вреднувани општествени изведби – а сите тие, пак, корелираат со разликата меѓу женственоста и мажественоста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа најпосле ја промовира визијата за љубов што ја крепи секој облик на посредство што таквата љубов може да го најде во кинематографијата (било како уметност, било како стока), во пријателството и во мелодрамата како емоционален и прагматичен жанр – иако не настојува дека една таква визија е остварлива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)