основен (прид.) - културно (прил.)

Или, кога ќе предизвикаат, конвенционалните присутни се збунуваат, бидејќи нивните општествени и дискурзивни очекувања – далеко од исполнети – се превртиле наопаку. ‌Всушност, тоа што дрег-кралиците ги прекршиле прагматичките конвенции на дискурзивното однесување што раководат со човечката интеракција во секојдневното општествено живеење толку ја збунило антропологинката лезбејка и толку ја потресло што таа остава простор (во цитираниот пасус) за можноста дека има грешка во нејзината забелешка – можност дека едноставно сѐ разбрала сосема погрешно и дека, можеби, како моине пријатели парижани во Ен Арбор, е жртва на некакво основно културно недоразбирање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)