особен (прид.) - интерес (имн.)

ЛИНИИ* Со особен интерес и внимание читате некоја книга.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Меѓу другото, во последно време пројавуваш особен интерес за тоа - каде се движам.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Посебно беше нагласено, што беше од особен интерес за западните сојузници, дека основната парола на НОД не е "победа на комунизмот" туку "смрт на фашизмот, слобода на народот", бидејќи "комунистите во Југославија не можеа да ја наметнат својата волја и доктрина, а по ослободувањето ќе имаме независна Југославија и слободен народ со сите демократски слободи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на идното уредување на Балканот, Смодлака ја застапувал тезата дека "мора да имаме балканска федерација и првиот чекор би бил унија меѓу Бугарија и Југославија", а кон која би се приклучила и Албанија "со исти права", со што би се добила федерација "доволно силна да одбие секаков било напад од која било страна".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не престана да покажува дека човеков што дојде е од особен интерес за него поради што на гостинот му стана малку неудобно: сега се плашеше дека кучето демне молкома да го фати за нога, а не се осмелуваше тоа да го покаже.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Господине, Кога пред десетина години прочитав неколку критички записи и го слушав Едгар Морен на радио и телевизија како ја претставува книгата Видал и своите, која штотуку беше објавена, јас покажав особен интерес за тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)