особен (прид.) - субјективитет (имн.)

„Само со целосно прифаќање на самата стигма човек може да го неутрализира осилото и да го претвори во смешно“, заклучува Естер Њутн.191 ‌Еве, значи, уште еден пример кога геј-мажите изгледа дека го искажуваат својот особен субјективитет и дека изведуваат чинови на културен отпор така што канализираат разиграни, хиперболични или будалести претстави на женското страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да си го славиме особениот субјективитет, своите единствени задоволства и карактеристичната култура, за нивна сметка сме постигнале геј-гордост. ‌Кога, на пример, велам дека сум геј – кога се „идентификувам“ како геј или кога го обелоденувам својот геј-„идентитет“ – усвојувам идентитетски заснована стратегија, создадена од самата политика на идентитетот, за да се справам со општествената различност што мојата сексуална различност ја предизвикува во хетеронормативниот свет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)