особен (прид.) - општествен (прид.)

Секогаш е тешко да се знае дали ваквите тврдења – кои веќе ни станале толку познати и кои настојуваат дека геј-културата е нешто застарено, дека е нешто од минатото, дека е нерелевантна за помладата генерација и дека е веќе ненужна во свет во кој лезбејките и геј-мажите, ете, можат да се венчаат или да се избираат за шефови на држави (барем така е на Исланд) – секогаш е тешко, велам, да се знае дали со ваквите тврдења се искажуваат факти или желби, дали се некаква сепнатост од откривањето неочекувани добри вести или, пак, се артикулации на некоја желба просто да ја снема геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога инсистирам дека хомосексуалноста е општествен облик на суштествување, не сакам да укажам дека хомосексуалноста е нешто научено ниту дека луѓето стекнуваат хомосексуална ориентација затоа што други ги научиле да бидат геј – дека биле „врбувани“, да речам, во „геј-начинот на живеење“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Младите настрани, ни се вели, лесно се вклопувале во младинската култура; не сакале да ги етикетираат, не чувствувале потреба за посебен, особен општествен свет и не се идентификувале со геј-културата.426 И добро е тоа, би рекол, зашто општествената цена на инсистирањето на сопствената различност од нормалните луѓе е баснословна кога немаш избор, освен да се интегрираш во хетеросексуалното општество – зашто веќе не постојат битни геј-алтернативи на стрејт-светот, сега штом урбаните инфраструктури на геј-животот се во голема мера растурени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие се на одредено растојание од она што важи за невино, спонтано, природно чувство, од оној вид на чувство што изгледа природно – доколку сосема се вклопува во хетеронормативните општествени конвенции и доколку влегува во тие конвенции и не ги оспорува и прекршува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зборувам за начинот на кој машките што веќе се хомосексуални, како луѓе што се веќе родени и израснати во Америка, постепено се здобиваат со особен општествен идентитет, со особена свест, склоп културни практики и субјективитет што произлегува од тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не зборувам тука за она што ја предизвикува хомосексуалноста или хетеросексуалноста, ништо повеќе отколку што зборувам за eвропското откривање и колонизирање на Америка – процесот што на крајот го создал американскиот национален идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од хетеросексуалците со нормални желби – кои (да се послужам со зборовите на геј-поетот Френк Бидарт) „живеат како, иако она што го/посакуваат е токму она што од нив/се очекува да го посакуваат, божем тие самите да посакуваат“ – геј-мажите не можат да си ја побркаат желбата со некаква потврда и ратификација на нивниот субјективен суверенитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Процесот преку кој луѓето стануваат Американци е доста познат, дури иако подробностите заслужуваат натамошно проучување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие не си ја доживуваат желбата како доказ за својата човечка дејственост, како потврда на природноста на нивната човечка природа, како израз на нивната спонтана усогласеност со природниот, даден свет.469 Не можат да ги восприемат своите инстинкти, своите емоции, своите копнежи и похоти како зададени поставки на универзалната човекова природа, како очигледни, нагледни и сосема усогласени со начинот на кој нештата си се по природа – накратко, со човечката природа. ‌Многумина хетеросексуалци се отуѓени и од хетеросексуалната култура, од културата на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еве го Џон Клам, да се послужам со пример што ми е најмногу при рака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од она што го напишав тука за машката хомосексуалност – за нејзиниот статус како особен општествен облик, за нејзината изведбеност, за нејзината неавтентичност, за неможноста на еден општествен идентитет да ја долови желбата што го дефинира – може да се каже и за хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стрејт-мажите мораат да научат да играат една или друга верзија на хетеросексуалната мажественост, а можат да имаат и свест за неавтентичноста на обликот – можат, и тоа како, да ја сметаат за нешто задушно наметнато врз нивните спонтани инстинкти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, веќе имавме можност да набележиме многубројни слични тврдења.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)