остар (прид.) - поглед (имн.)

Тој фрли на Винстон еден единствен остар поглед, како да му го утврдува идентитетот, а потоа престана да му обрнува внимание.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Непредвидлив, мигновен, остар поглед во обидот да се долови брз и едноставен одговор – тоа беше мојот поглед кон Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нека гракаат гаврани и со остар поглед орлите од висина нека одбираат мрша... - последните зборови ги изусти небаре се остаток од издишка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Овој крај тие не го познаваа. Случајно на главниот пат наидоа на една жена со остар поглед и ја прашаа каде е тука најубавата река.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Една погрешна проценка, со остар поглед исполнет со презир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)