отворен (прид.) - порта (имн.)

Откако на Заим, кој со волксвагенот беше паркиран пред амбулантата во Драчево, му ги предаде Варја и Лина и тие заедно со Богдан Русимиров заминаа за Селишта, Авни сврте в десно и, по редицата од десетина бараки од почетокот на Ноемвриска улица, влезе со комбето во широко отворена порта и се паркира во дворот, на тревникот, пред мала приземна куќа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не е слепо црево зафрлено на приграничната периферија, туку широко отворена порта и осветлен канал низ кој дење и ноќе се претура синџир од камиони, автобуси, патнички коли, отворена артерија која води кон светот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Имав впечаток дека, ако постоиме уште малку со отворена порта, сета магла од градот ќе се втурне во нашиот двор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Не гледајќи во никого, го заобиколи Арса и појде кон ширум отворените порти на дворот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Маглата упаѓаше низ отворената порта во нашиот двор со огромни клопчиња, со наметки и бовчи, како натраплива Циганка што ги натура сите услуги со вражање и гледање на дланка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)