отворен (прид.) - форма (имн.)

Неоизмот е една отворена форма како што и Monty Cantsin е open-star.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во врска со ваквото разбирање на уметноста, каде делото престанува да биде плод на премислувањето и изградувањето на заокружени хармонични структури, туку станува место каде се вкрстуваат и содејствуваат енергиите од разните учесници во инсценираната уметничка можност, една “ad ehtremum” проширена и отворена форма, се поставуваат следните прашања: Ако се укинат сите меѓи и се отстранат сите мерила. т.е. ако се тргне на страна сечиј личен став за нештата да се препознаат со сета своја изворност, не се паѓа ли тогаш во положба на афирмативно и паушално конзумирање на било што?
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)