отсутен (прид.) - поглед (имн.)

Има отсутен поглед, неспособен е да ги прими дразбите од надворешниот свет, раката му е цело време на пулсот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имаше отсутен поглед, но зарем го немаат многуте од нејзините врснички?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Лежеше со раширени раце, со отсутен поглед.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рена му препозна блуд во мислите, читајќи му го отсутниот поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во текот на тоа лето наеднаш омекнаа цртите на нејзиното лице, кои таа целиот свој живот ги остреше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш мајка имаше забелешка за секој кој ќе поминеше по улицата; сега гледаше со отсутен поглед и молчеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)