парен (прид.) - греење (имн.)

Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Самофинансирањето продира во тивките води од сите пукнатини, управникот на куќата се заканува со поправката на парното греење и некаде трча со некаква хартија, на која стои “исплата во злато”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И навистина - што ќе биде натаму, не се знае.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една студена зимска ноќ кога парното греење беше исклучено, осаменоста го нападна Н повеќе од било кога.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа мене помошникот ми го кажа во просториите на котелот за парно греење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бучавата толку потресувачки се зголемува што го потсетува на бучава на огромен бренер, горилник на нафта како оној што тој го има во визбата на својата куќа на котелот за парно греење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)