парен (прид.) - машина (имн.)

Постојат значи (тешки) машини на индустриската парадигма, чијашто најпрепознатлива карактеристика е движењето (од парната машина преку стругот до машината за шиење) и постојат машини, за кои што би можеле да кажеме дека веќе не се никакви машини, туку виртуелни направи на постиндустрискиот период, за којшто се значајни обработката, посредувањето и прикажувањето на податоците, како и поврзувањето во мрежи (networking).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(Во неговите школски денови, се сеќаваше Винстон, во доцните педесетти години, Партијата тврдеше дека нејзин изум е само хеликоптерот; дваесет години подоцна, кога Џулија одеше на училиште, Партијата веќе полагаше право и на авионот; уште една генерација, и ќе полага право и на парната машина.)
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако говориме за иднината, не смееме да заборавиме дека тука тече незапирлив алгоритам: луѓето што ја измислиле парната машина, никогаш не би се сетиле да изградат огромен брод на парен погон, со што би ја употребиле својата технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сето тоа изгледаше повеќе како мирна сцена покрај реката... постојано клокотење на големиот ѕвер (парната машина), слично на звукот на водопад”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тие укажуваат на одредена врска со Дишановото одредување на “Големото стакло” како “земјоделска машина” и како “парна машина”, врз основа на en maconnerie (масонерија, но и фрамасонерија).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)