парталав (прид.) - во (предл.)

А.Ш. Отсекогаш те замислував таква и коската карлична ти е заоблена ко кокиче на дожд ми мирисаш најсилно- гол дождец-пргава синоличка со трње и намовната кожа; Отсекогаш те знаев таква како ми доаѓаш по преѓата на Ленинова: Сива улица, мокра од железните намирисани капки- пауница со црно прецрно око; Клетва модра, парталава во устата ми капеше, како нечовек да бев; Прости, мајко и жено не видов кога капна капнатата ти става; Црница само остана а да можам земја и ќе бев.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)