партизански (прид.) - група (имн.)

Во јануари 1944 година, во согласност со Окружниот комитет на СНОФ за Костурско и во согласност со раководството на Окружниот комитет на КПГ за Костурско биле формирани партизански групи познати како СНОВ (Славјаномакедонска народноослбодителна војска).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Со промените кои се случиле во средината на 1943 година на воен и политички план во Македонија: формирањето на ЦК на КПМ, оперативните зони и формирањето на слободни територии, а посебно успешно изведените оружени акции кои биле преземени на територијата на Првата оперативна зона, во британското Министерство за надворешни работи почнале да пристигнуваат извештаи во кои се зборувало за “појава на македонските оружени партизански групи“.81 Таа информација за британскиот политички врв претставувала изненадување бидејќи дотогаш Британците не калкулирале со Македонија како фактор кој по војната би можел да биде самостоен и би претставувал субјект во политиката на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таму наиде на празнини и кога се дозна дека партизанските групи стигнаа во „Тесалија, а во кои имаше најмногу такви кои не зборуваа и не пееја грчки, ами македонски, тогаш на врат на нос, противникот се сврте на југ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)