патријархален (прид.) - семејство (имн.)

Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во првиот поглед што му го упати на Татко, таа како да бараше заштита од него, разбирање пред неизвесноста на судбината која ја очекуваше во големото патријархално семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)