патријархален (прид.) - тврдина (имн.)

Почувствува дека претерува со своето инсистирање на фашизмот заборавајќи на Мајкината римска приказна од нивниот заеднички живот кога беа среќни на свој начин, оддалечени од патријархалната тврдина крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И тој си беше уште во најраната младост, со една нога излезен од патријархалната тврдина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И обајцата, како да имале некаков историски долг да се влеат во патријархалната тврдина, да си имаат во неа заедничко одајче, како во кула, од кое ќе го гледаат ограничениот бескрај на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој збор не влегуваше во патријархалната тврдина, не влегуваше во ниту еден кодекс.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)