пензиски (прид.) - систем (имн.)

Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во однос на второто, промените од март 2000 година всушност се надоврзаа на 3.  Со оваа измена и дополнување беше воведен нов пензиски систем со три столба: задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност, задолжително капитално финансирано пензиско осигурување и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (чл. 2, ЗИДЗПИО/март.00).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)