питом (прид.) - и (сврз.)

Одвај забележливо, полецка, со лесните повеви на разиграното лисје и нискиот лет на птиците, во котлинката се спушта свежа и лесна шумскопланинска квечерина. Надоаѓа лазурно-розова, шареникаво-сина, питома и тажна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ти која ги доближуваш питомите и крволочните животни од овој свет или од некој друг свет до Змејот и Кентаурот или Човекот и од сите нив правиш Животинско Царство правиш исклучок затоа што - ништо не е совршено на банален начин! Ти која го прелеваш мртвото во живото божевото во човечкото некогашното во сегашното чедното во блудното почуј, совршенството е промислена дозирана грешка - Игро на метафизиката!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Беа добродушни и мирни, како две големи животинки (бригадирот Језекил: како две бачилски подрастени кутриња, ах да), а беа послушни и питоми и сѐ ги губеше своите вистински размери, кога ќе го дофатеа тие, сѐ стануваше некакво кревко и совитливо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)