планински (прид.) - вода (имн.)

Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Откога се изнапи со питката студена планинска вода, Еразмо се врати до старецот, загледувајќи го од сите страни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
МАРКОВА ЧЕШМА На два километри јужно од местото каде што почнуваат карпите во Демиркаписката Клисура, сред густо зеленило, се издигнува огромната Маркова Чешма низ која од три дулци незадржливо гргори студена планинска вода.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Знај дека животот е краток.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Реката бучи долу Папањ и ги напива ливадите со студена планинска вода, додека овчарите ги прибрале своите стада еден крај друг поблизу, да можат да си помогнат и ги фатат дојниците да намолзат млеко, та и тие да го прават Велигден в планина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Маркова Река беше надојдена од планинските води, откај Китка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пределот е вистинска Швајцарија: чудесни иглолисни шуми, чист воздух, планинска вода“, рече Билјана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но, потребата од неа Крали Марко не можел да ја согледа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)