планински (прид.) - воздух (имн.)

Морскиот и планинскиот воздух се измешани, така што се има чувство дека се лебди во некое пространство, кое занесува и ободрува. ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Навистина е тешко да се искаже сето она што овде човек го чувствува од убавините што ги подарила природата - чист планински воздух, и токму тоа досетливиот белгијанец го искористил на овие места да прави таканаречени „бели“ летувалишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму, далеку пред себе, ќе ги гледам планините, каде низ коријата, со чист планински воздух во градот, се шетаат слободните шумски божества. Колку им завидувам!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го отворавме прозорчето низ кое влегуваше остар и студен планински воздух кој мирисаше на борови и елки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Почувствува несовладлива потреба што поскоро да стане и да излезе во изобилието празнична сончевина и чист планински воздух.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја насети дури и проѕирноста на планинскиот воздух во којашто уште не слушаше како прскаат кристали прскајќи озон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму голтаат црн, а тука чист езерски и планински воздух.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Задоволни се од другарувањето со другарчињата од другите градови, а и чистиот планински воздух и сонцето ќе им останат во долго сеќавање.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во шумата го заплиска чист планински воздух, го освежи и го расположи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гнилите гранчиња крцкаа и се кршеа... Ги заплиска свеж планински воздух.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тој ги ширеше градите и дишеше од свежиот планински воздух.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чувствувајќи се слободен, дишејќи од свежиот планински воздух, Трајче сети како му се шират градите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тие пак, научно наречени туристи и авантуристи, а може и безделници, не се и неблагодарници: до бесвест и мавтаат на големата птица која дури сега, на стари години, ги научи сите да гледаат угоре и главите да ги држат кренати, ги научи, исто така, како се срка планински воздух од кафено лажиче и како се распознаваат разредените звуци на харфа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Со шумски јаготки во џебовите со здравец во мислите и планински воздух во срцата, ќе си направите ли муабет со овие стихови како што правите со буките и изворите Вие кои никогаш не сте ѝ биле туѓи нејзе, самата себеси што си е туѓа и заумна?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)