планински (прид.) - место (имн.)

Ова село не било како Крњево, кое било планинско место.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Патот од Плоешти до Синаја води низ две познати селишта - Кампини и Дофтана - кои како планински места многу се разликуваат од оние села во влашката рамнина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тие, ако тука има место за чопери, многу ќе сакаат да доаѓаат на вакви планински места каде што воздухот е чист и каде што ќе биде за нив најевтино.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога некој да го повукуваше оддалеку, од шумата околу манастирот на светецот во неговите раце ... исти красти не струпјосувале, на ист лишај планинските места глекави ни капеле, суша очи низ 'ржена сламка ни пиеле, сме биле, вечнаја памјат ни, пепел е зад нас ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)